Патријархот Кирил: Смартфоните нè приближуваат до доаѓањето на Антихристот

Патријархот на Руската православна црква, Кирил

Патријархот на Руската православна црква Кирил изјави дека капацитетот за собирање податоци кој го имаат уредите, како што се паметните телефони може да го приближат човештвото до доаѓањето на Антихристот. Во вчерашното интервју на државната руска телевизија, патријархот Кирил рече дека црквата не се противи на технолошкиот напредок, но дека е загрижена зашто „некој секогаш може да ја знае вашата точна локација, точно да знае кои се вашите интереси, точно знае од што се плашите“ и дека таквите информации може да бидат искористени за централизирана контрола над светот.

„Контрола од една точка е претскажување за доаѓањето на Антихристот, ако зборуваме за христијанското гледање на работите. Антихристот е личност која ќе биде на чело на светската мрежа која ја контролира целата човечка раса“, наведе рускиот патријарх.