Напаѓач повреди 20 ученици во Пекинг

Полиција пред училиштето во Пекинг во кое беше извршен нападот

Кинеските власти денеска соопштија дека маж нападнал и повредил 20 деца во едно кинеско основно училиште во Пекинг. Три деца се потешко повредени, но не се животно загрозени. Сите повредени деца се пренесени во болница.

Напаѓачот е уапсен на лице место и е отворена истрага за случајот.