Двајца загинати, по четворица се трага од потонатиот брод кај Турција

Спасувачките служби носат преживеан од несреќата во болницата во Самсун

Двајца членови на екипажот на потонатиот брод кај Турција се пронајдени загинати, а седуммина се спасени досега, информираат турските власти. Тие денеска покренаа спасувачка операција, откако еден брод кој превезувал јаглен потона во Црното Море. Властите соопштија дека утринава примиле сигнал за опасност од бродот под панамско знаме кој испловил од турското пристаниште Самсун.

Авион, четири хеликоптери и неколку спасувачки бродови трагаат по останатите.

Новинската агенција Анадолија објави дека бродот се преполовил при потонувањето.

Претходно беше соопштено дека на бродот имало 13 членови на екипажот – деветмина Украинци, двајца Азербејџанци и двајца Руси.

Не се соопштува причината за несреќата.