Парламентарното гласање за Брегзитот на 15-ти јануари?

Британската премиерка Тереза Мeј

Британската премиерка Тереза Мeј ќе побара одложеното парламентарно гласање за нејзиниот договор за Брегзитот да се одржи на 15 јануари, објави денеска Би Би Си, наведувајќи извори во владата. Меј беше принудена да го повлече гласањето за нејзиниот договор во декември, откако оцени дека ќе биде поразена со големо мнозинство.