Без напредок во разговорите за крај на делумната блокада на владата на САД

Вашингтон

Не бил постигнат напредок ни на вчерашните преговори во Конгресот околу договор за буџетот и крај на делумното затворање на американската влада. Преговорите меѓу претставници на Конгресот и на администрацијата продолжуваат и натаму. Претседателот Доналд Трамп изјави дека стои зад неговото барање од 5,6 милијарди долари за финансирање на ѕидот на границата со Мексико. Демократите кои ја имаат контролата врз Претставничкиот дом на Конгресот сметаат дека со ѕидот не се решава проблемот со миграцијата во САД.