Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека е „ирационално“ тврдењето оти Турција ќе ги нападне Курдите. Тој прецизираше дека цел на турската војска е Исламска држава, како и припадниците на курдската Единица за заштита на народот и Работничката партија на Курдистан. Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон претходно изјави дека новиот услов за повлекување на американската војска од Сирија е Турција да прифати да ги заштити Курдите во Сирија, кои се сојузници на САД.
Анкара: Ирационално е тврдењето дека Турција ќе ги нападне Курдите
турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган