Дописничка на РСЕ од Владивосток објави дека била силувана

Илустрација.

Дописничката на веб страницата на РСЕ „Сибир. Рејли“ во Владивосток, Екатерина Федорова, го обвини коосновачот на медиумската компанија ПримаМедиа Алексеј Мигунов за силување.

Ова таа го објави на својата Фејсбук страница. Таа го познавала Мигунов од 2015 и тој секогаш бил љубезен и коректен. На 13 октомври 2018 година, Федорова предложила да се сретне со Мигунов за да разговараат за нејзиното барање. (во друг пост таа објаснува дека сакала да позајми пари од него). Тие се сретнале во кафеана. Тој порачал алкохол за себе и за неа, но таа го одбила оти не пиела никогаш, а не сакала ниту тогаш да пие. Потоа според Федорова, Мигунов, кој бил поднапиен, тргнал да ја испрати.

„Веќе на влезот Мигунов почна да ме напаѓа“, пишува новинарката на Фејсбук.

Според неа, во станот Мигунов „применил сила“ и ја повредил устата, и ја раскинал облеката и ја силувал. Таа се фотографирала со траги од тепањето откако тој си заминал. Но, таа не се подложила веднаш на испитувања и не отишла веднаш во полиција.

„Се плашев и се чинеше дека сум во состојба на шок, сето ова време се плашев дека ќе ми биде уште поболно. Ако се осмелам да кажам, што ќе добијам за возврат? Тука се парите и врските, а и јас самата го пуштив дома, кој ќе ми верува? И повторно, во односот кон жртвите на насилство, полицијата е нехумана и перверзна, немав никакви средства да се борам против него, важно за мене беше да се опоравам, да ги направам тестовите за сексуално преносливи болести, да пронајдам безбедно место, да се сокријам, да заборавам“, пишува новинарката и додава дека е подготвена да оди на суд ако е потребно.

На 14 октомври, Федорова се сретнала со нејзината пријателка, новинарката Олга Карчевскаја, на која и го привлекла вниманието со расцепената уста и со нејзиното „нервозно однесување“, по што ја прашала што се случило. Карчевскаја во разговор со „Сибир,Рејли“ изјави дека за време на состанокот Федорова била во состојба на шок. Федорова и раскажала за инцидентот, но не го именувала сторителот. Само кажа дека е многу влијателна личност, и не сака да оди против него, бидејќи беше многу исплашена, рече Карчевскаја. Според неа, таа се обидела да ја убеди Федорова да оди во полиција, но жртвата „немаше сила“ за тоа, вели таа.

Алексеј Мигунов за „Сибир.Рејли“ изјавил дека не се согласува со ставот на Федорова, но одбил да ги коментира обвинувањата. Мигунов подоцна на својата страница на Фејсбук напиша дека „немало насилство или силување“. Тој зборовите на Федорова ги нарече „манипулација со факти, фикција и лаги“. Мигунов сугерираше дека би можело да станува збор за обид за дискредитација на компанијата, на која тој е ко-основач, додавајќи дека заедно со адвокатите ја разгледува можноста за „правна акција“ како одговор.