Харадинај: Преспанскиот договор доказ дека може да се решат и други ситуации

BКосовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вели дека се залага за сеопфатен договор со Србија, иако признава дека тоа заради проблемите и анимозитетите од минатото тешко оди. Уверен е, сепак, дека евентуалниот договор ќе го стабилизира регионот, и ќе му го донесе економскиот развој, пред сè, на двата народа. Тој запрашан дали Преспанскиот договор може да биде модел за регионот, вели дека кога договорот ќе биде реализиран може да биде доказ за можноста да се решат и други ситуации.

Харадинај во интервју за МИА вели дека се надева оти и тие ќе успеат да преземат некои добри одредби од Преспанскиот договор.

„Не би смеел, сепак, да кажам дека тоа е модел, бидејќи релациите меѓу Косово и Србија се поинакви. Односите меѓу нас и Србија се битни, ние сме заинтересирани да се договориме и да постигнеме конечен мир за народите на двете земји, како и со соседите, бидејќи мирот и помирувањето го помагаат економскиот развој“, вели тој.