Нов обид за деблокада на институциите во САД

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп.

Нема многу напредок во разговорите со лидерите во Конгресот, околу задоволување на барањето за изградба на пограничен ѕид меѓу САД и Мексико, вели американскиот претседател Доналд Трамп. Ова барање е дел од буџетскиот спор што доведе до делумно затворање на владини институции во САД.

Трамп на Твитер напиша дека уште еден состанок е закажан за денеска.

„По толку децении мора конечно и трајно да ги решиме проблемите на јужната граница“, напиша Трамп. Тој останува на барањето да се изгради ѕид долж границата меѓу САД и Мексико, кое ќе чини 5,6 милијарди долари, нешто на кое жестоко се противат демократите.

Потпретседателот Мајк Пенс претходно изјави дека состанокот во Белата куќа меѓу претставници на администрацијата и вработените во Конгресот бил „продуктивен“.

Демократите, пак, планираат да се усвои поединечен акт со кој блокираните министерства ќе можат да продолжат со работа. Лидерката на демократското мнозинство во Конгресот, Ненси Пелоси, вели дека ќе се почне со Министерството за финасии, за да може Американците да добиваат пари од повраток на даноците.