Бугарија губи 50 илјади жители годишно

Илустрација: Жена проси во Бугарија

Бројот на жители на Бугарија годишно опаѓа за 50 илјади луѓе. Годишно во земјата умираат 110 илјади лица, а се раѓаат 50 илјади помалку. Експертот по демографија Елица Димитрова изјави дека Бугарија е една од државите, кои имаат сериозен демографски проблем. Во тековната година се очекуваат 60 илјади деца помалку на национално ниво, што претставува нов негативен демографски рекорд во Бугарија.

Во период од 1 јануари до 1 декември 2017 година, родени се 58 илјади деца, а во 2018 година 53.543.