Владина делегација положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Глигоров

Владина делегација положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

„Како прв претседател на самостојна и независна Република Македонија, Глигоров имаше клучна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање. Остануваат запаметени, меѓу другото, и неговите ставови за добрососедските односи дека „ние со сите наши соседи сакаме да имаме добри, пријателски односи, да имаме што поотворени граници, и да се свртиме кон оние проблеми кои не обединуваат, кои бараат заемна соработка – економска, политичка, и друга. И да ја оставиме историјата на страна“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Цвеќе положи и делегација на владејачкиот СДСМ.

Глигоров почина на 94-годишна возраст во Скопје, на 1 јануари 2012 година.