Спасовски: Новогодишната ноќ помина мирно

Министерот Оливер Спасовски.

Новогодишната ноќ помина мирно без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска го посети граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија. Тој изрази очекување дека новата година ќе биде успешна година.

На новинарско прашање дали ќе се кандидира за претседател на државата, Спасовски одговори дека во моментот размислува исклучиво на реформите во МВР, да се подобрат условите за работа и да завршат процесите кои ќе значат напредок за Република Македонија.