Талибанците нападнале безбедносни пунктови во Авганистан

Неколку припадници на авганистански безбедносни сили се убиени од страна на талибанските милитанти во новите напади врз неколку безбедносни контролни пунктови во северната провинција Сар е-Пул, информираа авганистанските власти. За новинската агенција Асошиејтед Прес портпаролот на талибанците, Кари Јусуф Ахмади, изјавил дека тие се одговорни за нападите.