Најмалку осум загинати при уривање на зграда во Русија

Најмалку осум луѓе загинае, а десетици се водат за исчезнати откако се урна дел од станбена зграда по експлозија на гас во рускиот град Магнитогорск, во пресрет на новогодишната ноќ.

Операциите за спасување привремено биле прекинати поради стравувањата дека може да се урнат и други делови од зградата, изјави рускиот министер за вонредни состојби, Евгениј Зиничев, на 1-ви јануари.

Од Министерството за вонредни ситуации соопшти дека биле уништени 26 станови во кои имало 46 жители.