Романија ќе претседава со ЕУ

Романија го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија во време кога Унијата се соочува со претстојното заминување на Британија и со зголемувањето на национализмот во многу земји-членки. Шестмесечното претседателствување е по мотото „ Зближувањето - заедничка европска вредност“. Ова е првпат Романија да го преземе претседателството.

Пред два дена во интервју за германски медиум, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека „владата во Букурешт не сфатила целосно што значи да претседава со земјите од ЕУ“.

Улогата „бара подготвеност да ги слуша другите и подготвеноста да ја стави сопствената загриженост во позадина“, рече Јункер. „Имам некои сомнежи во врска со ова“, додаде тој.

Романија и ЕУ не се согласуваат околу предложениот реконструкција на романското судство за кое ЕУ смета дека е политички мотивирано и дека ќе ја поткопа борбата на земјата против корупцијата.