Триесетина деца на членови на терористичката Исламска држава доцна синоќа биле евакуирани со специјален лет од Багдад за Москва, објавија новинските агенции, повикувајќи се на локални риски медиуми.
Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров на својот профил на Телеграм напиша дека децата се спасени од притвор во Ирак каде што биле со своите мајки. Тој информираше дека 24 деца се од Дагестан, три се од Чеченија, а останатите од Москва и Пенза.