Шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека ЕУ не сака да ја натера Британија да остане во блокот и оти сака што е можно поскоро да дискутира за идните односи, доколку британскиот Парламент го одобри Брегзитот.
„Се инсинуира дека нашата цел е да го задржиме Обединетото Кралство во ЕУ со сите можни средства. Тоа не е нашата намера“, изјави Јункер за германскиот весник „Welt em Sonntag“ во интервју објавено денеска.
„Се што сакаме е јасноста на неште идни односи и го почитуваме резултатот од референдумот за излегување на Британија од ЕУ“, додаде тој.
Британскиот Парлемент на 14 јануари треба да гласа за договорот за Брегзит, за кој преговараше премиерката Тереза Меј. Но, пратениците кои го поддржуваат напуштањето на ЕУ велат дека договорот ќе ја задржи Британија премногу тесно поврзана со ЕУ по официјалниот излез кон крајот на март 2019 година.