Путин - Русија останува отворена за дијалог со САД

Архива - рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија останува отворена за дијалог со Вашингтон. Понудата Путин ја наведе во новогодишно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, чии детали денеска беа објавени од страна на Кремљ.

Сдносите меѓу САД и Русија остануваат напрегнати поради голем број прашања, вклучително улогарта на Русија во војните во Сирија и источна Украина и за наводното мешање во американските избори и за труењето на рускиот шпион во Британија Сергеј Скрипал.

На крајот на ноември Трамп нагло ја откажа планираната средба со Путин на маргините на самитот на Г-20 во Аргентина, наведувајќи ги тензиите откако руските сили отворија оган врз украинските морнари и потоа ги уапсија.

Во писмото Путин наведе дека односите меѓу САД и Русија „се најважниот фактор за обезбедување на стратешка стабилност и меѓународна безбедност.“

Путин потврди дека Русија е отворена за дијалог со САД на најширока можна агенда