Протест пред Влада против уставните измени и амнестијата

Протест пред Влада против уставните измени и амнестијата. 29.12.2018.

Граѓани денеска протестираа пред Владата во Скопје против уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа за името и против носењето на законите за амнестијата.

Тие извикуваа „Оставка, оставка“ и „Македонија, Македонија, наведувајќи дека се против уставните измени, против амнестија за глас за Северна Македонија, против травестијата на правосудството и против пропаднатите политики на сите политички чинители.