ЕУ повторно ја повика Владата во Приштина да ја отповика одлуката, посочувајќи дека овие царини не се во духот на добрососедските односи и регионалната соработка.
„Ова би било правата одлука за да напредуваат европските аспирации на Косово и неговиот народ“, се вели во соопштението.
ЕУ исто така уште еднаш побара од сите страни да се воздржат од постапки кои ја поткопуваат европската порака за регионална соработка.
Брисел ги повикува и Косово и Србија да се воздржат од дејствија кои би биле во спротивност со барањата на ЕУ за регионална соработка.
Косовската Влада вчера донесе одлука со која со воведува такса од 100 отсто на увозот на стоки од странски компании кои имаат свои производни погони во Србија и БиХ. Претходно, на 21 ноември, Владата на Харадинај воведе такса од 100 отсто на производи од двете земји, но таа мерка не важеше за странските брендови кои се увезуваат од тие земји.
Со новата мерка сите стоки кои ќе се увезуваат од Србија и од БиХ ќе треба да платат такса во висина од 100 отсто од нивната вредност. Како што беше претходно објавено, во овој случај станува збор за девет познати меѓунаордни брендови.