Едно лице почина во пожарот што денеска избувна во деловен објект на улицата „Јордан Мијалков“ во близина на Рамстор Мол.
Командирот на Територијалната противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски за МИА изјави дека пожарот е изгаснат и интервенирале со осум возила и 22 пожарникари.
Според привичните информации починатото лице било во продавницата за мопеди каде што избувна пожарот.