Невремето во централниот дел на САД доведе до откажување на стотици летови и одложување на илјадници друго, со што на многу луѓе им се пореметија плановите за празниците. Над 6.500 летово се одложени, а околу 800 се откажани. Најлошо помина меѓународниот аеродром во Далас, каде што има над 450 откажани и 600 одложени летови.
Дождот, снегот и силните ветрови го направија патувањето во некои подрачја опасно, ако не и невозможно. Властите на Небраска затворија за сообраќај еден од главните патни правци во таа држава, додека Северна Дакота издаде предупредување за патувањата во источниот дел на таа сојузна држава во САД.