Опозицијата критикува што се носат закони по скратена постапка

Архивска фотографија - Седница на Собрание.

Собранието попладнево по скратена постапка ги донесе Законот за задолжителни капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за лековите и медицинските средства.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Весна Пемова и Илија Димовски го критикуваа донесувањето на закони по скратена постапка, нагласувајќи дека кога претходната власт во правела тоа, тие оценувале дека е негативно.

Продолжението на 77. седница е најавено за в петок.