Косовскиот претседател Хашим Тачи во годишното обраќање пред Парламентот рече дека Косово ја доби војната со Србија, но сега на ред е да се добие и мир.
„Со Србија еден век сме во непријателства. Ја добивме војната, но по голема цена. Сега е време да добиеме мир со Србија, за нашата генерација и за тие што доаѓаат, затоа го поздравувам формирањето на преговарачката група со Србија“, рече Тачи.
Седницата ја бојкотираа пратениците од Демократскиот сојуз на Косово, Самоопределување и Социјалдемократската партија на Косово.