Администрацијата ќе го одработува неработниот 2 јануари

Илустрација: Дедо Мразовци

На 2 јануари нема да работат вработените во јавната и државната администрација, а препорака е оваа одлука да ја следат и единиците на локалната самоуправа и приватниот сектор. Неработниот ден ќе се одработи во текот на годината. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата рече дека денот мора да се одработи бидејќи се работи за одлука која не е дел од законското решение, туку е одлука на Влада.