Франција ја прекина истрагата за смртта на претседателот на Руанда од 1994 година

Француски војници патролираат покрај толпа Хуту во близина на границата со тогашен Заир, а сега Демократска Република Конго, во 1994 година

Француските власти поради недостиг на докази ја прекинале повеќегодишната истрага за падот на авионот на претседателот на Руанда во 1994 година, кој беше повод за геноцидот во Руанда. Под истрага во тој случај беа и неколкумина луѓе блиски до сегашниот претседател на Руанда, Пол Кагаме. Претставник од судот денеска наведе дека надлежните судии минатата недела одлучиле да го затворат случајот по барање на обвинителството, но не изнесе детали.

Во соборувањето на авионот во 1994 година загина тогашниот претседател на Руанда, Жувенал Хабјаримена, припадник на народот Хуту. Екстремистите од Хуту за неговата смрт го обвинија малцинскиот народ Тутси и во етничките насилства во наредниот период убија околу 800 илјади луѓе.

Причините за несреќата беа спорни, зашто екипажот на авионот беше француски, па Руанда долго време ја обвинуваше Франција за соучесништво во геноцидот, што Париз го негира.