Шестмина загинати во пожар во Варшава

Илустрација

Шест луѓе загинаа во пожар во мала дрвена зграда која ја користеле бездомници во предградие на Варшава, соопшти денеска полската противпожарна служба. Пожарот се случил доцна синоќа, на Божиќ.

Пожарникарите одговориле на повикот, но кога дошле ја затекнале дрвената зграда во пламен и ги нашле телата на настраданите. Во тек е истрагата за пожарот.