Индонезиските власти апелираа до населението да го избегнува крајбрежјето долж Сундскиот Теснец, каде што во цунами минатиот викенд загинаа над 420 луѓе. Цунамито беше предизвикано од ерупцијата на вулкан, а засилено од плимските бранови настанати поради полната месечина.
Индонезиската агенција за метеорологија, геофизика и климатологија издаде предупредување граѓаните да бидат најмалку 500 метри до еден километар оддалечени од брегот во теснецот меѓу островите Јава и Суматра.