Ќе се усогласуваат заштитните мерки за челикот со ЕУ

Владата ја узвоила информацијата за најавата од ЕУ за воведување конечни заштитни мерки за челични производи и го задолжи Секретаријатот за европски прашања, во координација со Министерството за економија, Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии, Царинската управа и Кабинетот на ЗПВРМ за економски прашања, да го подготви барањето за консултации со Европската комисија и да го достави до Постојаната мисија на Република Македонија во Женева, најдоцна до задутре.

Исто така, го задолжи и да се организира средба со засегнатите компании од антидампинг-постапката за челични производи отворена од страна на ЕУ, најдоцна до 20 јануари 2019 година, за усогласување решенија од воведувањето на заштитните мерки.