Турција бара истрагата за убиството на Кашоги да ја водат ОН

Убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги

Турција соработува со други земји со цел истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги да ја преземат Обединетите нации, изјави денеска министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. Тој ова го изјави на заедничка прес-конференција во Тунис со неговиот туниски колега Хемаиес Џинауи.

Тој исто така ја повика Саудиска Арабија да ги подели резултатите од својата истрага со меѓународната заедница.

Кашоги беше убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул пред речиси три месеци.