Ердоган и Трамп со договор за Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп се договориле во текот на вчерашниот телефонски разговор да ја избегнаат празнината на власта во Сирија по американското повлекување од таа земја. Ердоган, како што е соопштено од неговиот кабинет, му кажал на Трамп дека неговата земја била подготвена да им даде поддршка на Соединетите држави во рамките на одлуката за повлекување на војниците.