Османи очекува Македонија во 2019 да ги почне преговорите со ЕУ

Вицепремиерот Бујар Османи

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи на денешната средба со новинарите порача дека наредната 2019-та ќе биде годината кога Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ. Според него, таквите очекувања се темелат на финализација на обврските од Преспанскиот договор во земјата, на реализацијата на зацртаното од Планот 18 и пред се на изјавата на еврокомесрот Јоханес Хан за временската рамка за пристапување кон Унијата.

„И покрај тоа што постои песимизам дали сме ние подготвени, сепак, потврдата од комесарот Хан дека Македонија може заедно со Србија и Црна Гора да ја фати 2025-та е вест на годината, бидејќи 2025 е пред врата и топката е на наша половина да испорачаме за да може да го фатиме тој рок“, рече Османи.

Тој истакна и дека досега се реалиизирани 66 проценти од зацртаните мерки.