Во цунамито кое ги погоди индонезиските острови Јава и Суматра бројката на загинати од 168 се искачи на 222 лица. Цунамито најверојатно било предизвикано од подморско лизгање на земјиштето поради ерупцијата на вулканот Анак Кракатау. Оштетени се стотици домови и згради, повредени се 843 лица, а 28 се водат како исчезнати.