Во цунами кое најверојатно било предизвикано од ерупцијата на вулкан на остров во Индонезија загинале најмалку 168 лица, а повредени се околу 750. Според властите, 30 лица се водат за исчезнати, а уништени се стотици домови и хотели.
Тие очекуваат бројката на жртви да расте. Научници од индонезиската метеоролошка агенција се сомневаат дека цунамито било предизвикано од подморско лизгање на земјиштето поради ерупцијата на вулканот Анак Кракатау кој се наоѓа меѓу островот Јава и Суматра. Цунамите се случило 24 минути по ерупцијата на вулканот.