Иранската војска започна воени вежби во Персискиот залив, ден откако американски авиони навлегоа во територијалните води што предизвика тензии меѓу Техеран и Вашингтон. Ирански медиуми јавија дека војската ќе користи хеликоптери и дронови.
Генералот Мухамед Али Џафари изјави дека се надева оти со вежбите нивните непријатели ќе сфатат колку разорен би бил одговорот на Иран доколку земјата биде нападната. Командантот на копнените сили, генералот Мухамед Пакпур порача дека вежбите се стратешко одбранбени и дека Иран иако не претставува закана за ниту една земја, ќе биде подготвен за контранапади доколку се соочи со агресија.