Девет рудари се заглавени во рудник, откако избил пожар, а операцијата за нивно спасување е во тек, соопшти рускиот производител на калиум Уралкали. Инцидентот се случил во рудникот Соликамск, кој се наоѓа североисточно од Москва.
Руски новински агенции јавија дека спасувачките тимови се уште не успеале да стигнат до рударите, поради високите температури и чадот во рудникот.