Во бомбашки напади во Сомалија загинаа 6 лица

Бомбашки напад во Могадишу на 9 ноември, 2018 година

Полицијата во Сомалија соопшти дека најмалку 6 лица загинале во два бомбашки напади во близина на претседателската палата во главниот град Могадишу. Меѓу жртвите, според полицијата, има војници и цивили.

Екстремистичката група Ал Шабаб која е поврзана со Ал Каеда презема одговорност за нападите. Ал Шабаб се обидува да ја собори владата во Сомалија и да воведе построга интерпретација на исламските закони.