Уапсени две лица за употреба на дронови на аеродромот во Лондон

Илустрација

Британската полиција уапсила две лица за поврзаност со „криминалната употреба на дронови“ што го наруши сообраќајот на аеродронот Гетвик во Лондон. Полицијата ги повика патниците, јавноста и целата заедница околу аеродромот да соработува со нив и да ја контактираат доколку има информации за случајот.

Не се објавени детали за уапсените лица. Според полицијата, дроновите биле намерно употребени со цел да се наруши авиосообраќајот за време на на најпрометниот период пред Божиќ.