Собранието го изгласа Буџетот за 2019 година

Собранието попладнево, со 61 глас „за“ и 15 против, го изгласа Буџетот за 2019 година. Вкупните планирани приходи во државната каса се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 процента, додека стапката на инфлација на два отсто. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 проценти или 17,7 милијарди денари што е за 500 милиони денари помалку од годинава.

Според министерот за финансии Драган Тевдовски, Буџетот за 2019 година е најдобра потврда дека Владата продолжува посветено да работи на постигнувањето на клучните цели и приоритети на општеството.