Нападот во Виена не е терористички, соопшти полицијата

Полицијата во Виена попладнево соопшти дека нема опасност од терористички напад во центарот на Виена и дека инцидентот кој се случи во близина на еден од најпознатите ресторани во австриската метропола е од криминална природа.

„Нема никакви конкретни податоци за терористички акт“, се наведува во полициското соопштение, а од полицијата изјавиле дека најверојатно се работи за нарачано убиство, објавија новинските агенции.

Според првичните информации, кон ресторанот „Фигелмулер“ во центарот на Виена, денеска биле истрелани пет куршуми, при што две лица биле повредени, а едниот од нив подоцна починал. Полицијата е во потрага по напаѓачот.