Три лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во судар на воз и автобус на одбележан железнички премин, но без рампа, кај Ниш. Како што јави РТС, автобусот превезувал деца во училиште. Во Клиничкиот центар во Ниш досега се згрижени 33 повредени, а четворица од нив се на операција. Српското МВР соопшти дека несреќата се случила околу седум часот и 30 минути утринава.
Според неофицијални информации на „Блиц“, загинале две возрасни лица и едно дете, а 26 лица се повредени.
Несреќата се случила кога патнички воз, кој во 7:14 часот тргнал од железничката станица Ниш кон Прокупље, при излез од железничката станица Меѓурово удрил во патнички автобус.