Американскиот претседател Доналд Трамп размислувал за значително повлекување на американските војници од Авганистан, јавуваат медиумите во САД, цитирајќи неименувани извори во Вашингтон. Според нив, ваквата одлука веќе била донесена. „Вол стрит џурнал“, „Њујорк тајмс“ и АФП јавуваат дека Трамп и наредил на војската да направи планови за повлекување на скоро половината од сегашните 14 илјади американски војници во Авганистан. До овие извештаи доаѓа ден откако Трамп ги изненади американските конгресмени и сојузниците дека ги повлекува сите американски војници од Сирија, бидејќи биле поразени милитантите на Исламската држава.
Трамп размислувал и за значително повлекување на силите од Авганистан
Американскиот претседател Доналд Трамп