Ципрас во Белград на средба со Вучиќ

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Србија Александар Вучиќ, Солун, 04.07.2018.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас кој престојува во Белград по повод одржувањето на втората седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Грција синоќа на белградскиот аеродром бил пречкан од шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. Грчкиот премиер денеска ќе се состане со претседателот на Србија Александар Вучиќ. По состанокот тие ќе учествуваат на седницата на Високиот совет за соработка меѓу двете земји. Според министерот Дачиќ, овој совет претставува посебен вид на зацврстување на сораборката и јакнењето на врските меѓу Србија и Грција.