Времето денеска: облачно со слаби дожд и снег

Во Македонија ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и снег, а ќе има и услови за појава на замрзнат дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Утринската температура ќе се движи од минус два до еден, а дневната од три до девет степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу минус четири, адневната до три степени.