Заканувачки телефонски повик добил денеска поранешниот министер за надворешни работи на Грција Никос Коѕиајс поради неговиот предлог за контрола на тајните фондови, соопштуваат од неговото движење „Прато“, јави дописничката на МИА од Атина. Радиото „Њуз247“ откри дека непознат маж му порачал на Коѕијас дека ќе биде егзекутиран.
Од партијата соопштија дека тоа се случило само неколку часа по неговиот предлог за контрола на тајните фондови на сите министерства, како што е Министерството за одбрана, за внатрешни работи, а особено Националната разузнавачка служба.
Со став за заканувачкиот повик до поранешниот шеф на грчката дипломатија излезе и Алексис Ципрас, кој на својот официјален Твитер профил напиша дека заканите се уште еден доказ за тоа каде води слепиот национализам и негувањето на омразата.
Поранешниот министер за надворешни работи на Грција и лидер на движењето „Прато“ и во минатото беше мета на закани како по неговиот, така и по животите на членовите на неговото семејство. Освен заканувачките писма и повици, Никос Коѕијас добил и куршуми и земја со крв.