Романија- владата го преживеа гласањето недоверба

Романија- опозиционерите држат транспаренти со пораки против владата на Виорика Данчила, 20.12.2018

Левоцентристичката Влада на Романија денеска го „преживеа“ гласањето недоверба во Парламентот, јави Аџерпрес. Три опозициски партии поднесоа иницијатива за гласање недоверба на владата на Виорика Данчила, насловена „Доста! Владата Драгнеа-Данчила – срам за Романија!”. Лидерот на владејачката Социјалдемократска партија Даниел Сучу рече дека гласањето за недоверба било поддржано од 161 пратеник, а за иницијативата за недоверба да успее, неопходни беа 233 гласа