Шпанските спасувачи пронајдоа 11 тела и спасија 33 мигранти

Архивска фотографија: Мигранти одмараат на спасувачки брод во близина на Гибралтар

Шпанската спасувачка служба соопшти дека во чамец кај јужниот брег на земјата пронашла 11 тела и спасила 33 мигранти. Меѓу преживеаните има 29 мажи и четири жени, сите од субсахарска Африка, изјави портпаролката на службата за новинската агенција Асошиејтед прес.

Спасувачите два дена трагаа по чамецот во областа на околу 18 километри од Алмерија.

Чамецот бил пронајден рано утрово, источно од Гибралтарскиот Теснец.

Според податоците на ОН, во Шпанија од почетокот на годинава дошле над 61 илјади мигранти, од кои 55 илјади по морски пат. Тие главно бегаат од насилството и сиромаштијата во своите земји.