„Операција инфекција“ е документарен филм на весникот „Њујорк тајмс“, кој открива како Советскиот Сојуз во 1959 година станал еден од најголемите двигатели на дезинформации во светот.
Преку анимации и интервјуа со поранешни советски агенти чија специјалност биле и дезинформациите, овој документарен филм, го претставува и т.н. водич или прирачник за лаги и дезинформации на КГБ, кој се пренесува во руските разузнавачки служби уште од пред времето на интернетот, па се до сега.
Дел од филмот се и детали за разни дезинформациски кампањи на Москва - Како се тие организирани, кој и како ги финанситал и дека, според филмот, „целта била дестабилизирање Западот и манипулирање на Москва со сите држави“.
За да го гледате документот со македонски превод, кликнете на иконата за поставувања (⚙️) на видеото и потоа одберете македонски јазик (macedonian language).