Јавно обвинителство – Чекаме Законот за амнестија да се објави во Службениот весник

Демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“ влегоа во Собранието на 27 април 2018

Од Јавното обвинителство денеска велат дека ќе почекаат Законот за амнестија за „27 април“ да биде објавен во Службен весник и по неговото објавување ќе го разгледаат и соодветно ќе постапат по решенијата предвидени во него.

Собранието вчера, со 95 гласа „за“ и во скратена постапка го усвои Законот за амнестија, откако помина во матичните комисии и беше одобрен од Интерпартиската парламентарна група. Според законот, не може да бидат амнестирани организаторите и оние кои учествувале во подготовката, насилниците, оние кои што носеле оружје и експлозивни направи и службените лица кои постапиле спротивно на нивните овластувања. Според законот, секој од осудените, обвинети или осомничени ќе треба сам да побара амнестија, а судот и обвинителството ќе одлучат на кого се однесува помилувањето.

Откако ќе стапи во сила, обвинетите имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија, судот и обвинителството ќе имаат рок од пет дена за да им одговорат.