И британската влада се подготвува за Брегзит без договор

Тереза Меј

Британската влада реши да ги зајакне подготовките за можноста земјата да ја напушти Европската унија без договор со Брисел со ставање на војската во готовност и со предупредување до илјадници компании и милиони домаќинства дека ќе мора да се подготват на тешки денови. Иако Британија на 29 март идната година треба да ја напушти ЕУ засега не е познато дали британскиот парламент ќе го усвои договорот за Брегзит што премиерката Тереза Меј го постигна со Брисел. Минстерката за труд Амбер Рад во врска со најновите мерки изјави: „Тоа што некој врзува појас не значи и дека треба да удри со возилото“.